МНР не одговара дали Анкара побарала идентификација на поддржувачи на Ѓулен во Македонија. Како такви, наводно се третират некои невладини организации, приватни училишта и дел од бизнис заедницата.-пишува DW.

0,,19413550_303,00
Приврзаници на турската владејачка АКП со плакат против Ѓулен на демонстрации во Истанбул (19 јули 2016)

Македонското Министерство за надворешни работи и по неколку дена не одговори на прашањето на Дојче веле – дали официјална Анкара побарала од Македонија соработка во идентификација на приврзаниците на Феjтула Ѓулен во невладините организации, медиумите, бизнис, заедницата, партиите и образовните институции. Такво барање веќе било упатено во земјите во регионот – Албанија, Косово и Бих, па се претпоставува дека Македонија не е исклучок. Турскиот министер за надворешни работи, Мевљут Чавушоглу, деновиве најави активности за „ставање крај на работата на некои здруженија и бизнис групи во трети земји“ кои се сметаат за поддржувачи на Ѓулен, и очекува соработка и разбирање од властите во тие земји.

Вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски, ноќта на 15 јули, кога беше направен обид за државен удар во Турција, телефонски разговарал со Чавушоглу, при што истакнал дека Република Македонија најостро ги осудува сите акти на насилство и терор и изразува поддршка на демократски избраните институции. Но, денес молчи по прашањето дали и од Македонија е побарана соработка во турското расчистување со приврзаниците на исламскиот проповедник во егзил, Феjтула Ѓулен и неговото движење „Хизмет“, кого Анкара го обвинува дека стои зад обидот за државен удар, и побара негова екстрадиција од сојузната американска држава Пенсилванија.

Јахја Кемал“ се самофинансира

Се шпекулира дека како приврзаници на Ѓулен во Македонија наводно се сметаат некои невладини организации, мрежа на приватни училишта, еден весник и дел од бизнис заедницата, односно претставници на македонско – турската стопанска комора. По обидот за преврат во Турција, домашни медиуми објавија дека на протестите што се огранизираа во Скопје за поддршка на Ердоган, поранешни средношколци ги кинеле дипломите од приватното училиште „Јахја Кемал“. Ги прашавме вработените во ова училиште дали имаат некакви форми на притисок во работењето, како резултат на настаните во Турција.

„Не можам да кажам дека има било што, бидејќи од 1 јули до 5 август сите сме на колкективен одмор“, вели портпаролот на „Јахја Кемал“, Сурија Таук. Категорично тврди дека нивните училишта не се финансираат од фондации на Ѓулен.

„Ние сме успешна македонска компанија веќе 20 години и работиме преку самофинасирање. Учениците што се запишуваат во нашите училиштата плаќаат школарина и нема никаква потреба никој друг да нѐ финансира“, дециден е Таук.

Првото средно училиште „Јахја Кемал“ е отворено во Скопје во 1996 година со одлука на Владата. Од тогаш до денес во земјата има шест средни училишта – две во Скопје и по едно во Струга, Тетово, Гостивар и Струмица, три основни училишта, како и една градинка во Скопје, за децата на вработените во оваа образовна институција.

„Работиме во согласност со законите за образование на Република Македонија и во досегашните евалуации три пати ја добивме највисоката оценка“, вели Таук.

Повеќе ТУКА

Слични содржини