Близок член на семејство поднесе тужба: Хари и Меган ќе мора да одат на суд

од Stefanija Kuzmanovska

Принцот Хари и Меган Маркл наскоро ќе треба да се појават пред судија.

Имено, полусестрата на Меган, Саманта Маркл, поднесе тужба за клевета против Меган.

Саманта Маркл има не толку добри односи со својата 17 години помлада сестра од почетокот на драмата со кралското семејство.

Како што пишуваат британските и американските медиуми, Саманта во петокот доставила документи до судот во кои бара принцот и неговата сопруга да одговорат на низа прашања во судницата и сака да докаже дека Меган направила серија „лажни и злонамерни изјави“ за време на познатото интервју со Опра Винфри, кога парот за прв пат јавно проговори за односите со кралското семејство.

Обвинителот во барањето наводно бара двојката да биде сослушана истиот ден, но во одвоени разговори кои ќе се снимаат.

Таа сака Меган да ги повлече сите обвинувања против кралското семејство и јасно и гласно да каже дека „Кралицата Елизабета не била расист“ и дека „Кралот Чарлс не е расист“.

И Томас Маркл, нивниот заеднички татко, треба да сведочи на судењето.

Саманта поднесе тужба од 75.000 долари откако Меган во интервју за Опра изјави дека пораснала како единица. Како што тврди Саманта, Меган на овој начин ја понижила.

Да потсетиме, Меган во неколку наврати ја обвинуваше својата сестра, како и нејзиниот татко и брат, дека продаваат приказни на британските таблоиди.

Слични содржини