Блумберг се повлече од трката за претседател на Америка

од Aleksandar Petrovski

Милијардерот и поранешен градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг се повлече од трката кај Демократите за кандидат за претседател на САД.

Тој ја напушти трката откако доживеа дебакл на гласачкото ливче за време на „Супер вторник“.

Поточно, гласањето во Соединетите држави се одржа вчера во 14 држави, а Блумберг, кој даде половина милијарда долари од својот џеб за кампањата, не освои најмногу гласови во ниту една држава. Тој успеа да добие 12 делегати, а најмногу гласови доби само во американска Самоа

Слични содржини