„Блумберг“: Словачка стана една од најголемите проруски земји во Европа

Фицо јавно се изјасни против поддршката за Киев и го осуди Западот за „постилање црвен тепих“ за украинските неонацисти.

од Бети Божиноска

Враќањето на Роберт Фицо на функцијата премиер на Словачка ја претвори таа земја во една од најголемите проруски земји во Европа, пишува „Блумберг“.

„Помина времето кога словачките дипломати ги убедуваа земјите членки на ЕУ да започнат преговори за членство во ЕУ и кога Братислава испрати борбени авиони во Киев,“ пишуваат авторите на написот.

Дополнително, Фицо јавно ги критикуваше колегите од Европската унија дека не сакаат да тргнат по патот на мирно решавање на конфликтот.

Тогаш неговата изјава предизвика негативни реакции кај Чешка и Франција. Прага ги прекина консултациите со Словачка на владино ниво, а Франција ги исклучи претставниците на оваа земја од преговорите за Украина.

Според авторот на написот, Фицо не е премногу загрижен за губењето пријатели во Европа.

Есента 2023 година, партијата „Смер“ на Роберт Фиц победи на парламентарните избори. Фицо јавно се изјасни против поддршката за Киев и го осуди Западот за „постилање црвен тепих“ за украинските неонацисти.

Тој истакна дека словачката армија е во ужасна состојба бидејќи ѝ помага на украинската армија, па затоа веќе нема борбени авиони и противвоздушни системи.

Слични содржини