Бочварски: Надзорниот одбор прашајте го по кои критериуми е избран новиот директор на МЕПСО

од Radmila Tasevska

Директорот на МЕПСО го назначува Надзорниот одбор на компанијата. Таму прашајте по кои критериуми е избран, рече денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, одговорајќи на новинарски прашања.

Бочварски ги упати новинарите, прашањата за компетентноста и за CV-то на новиот директор на МЕПСО да ги достават до Надзорниот одбор.

-Директорот на МЕПСО го назначува Надзорниот одбор на МЕПСО, така што овие прашања ќе ги упатите таму. Тие работат согласно Закон за трговски друштва и согласно член 353, ако не се лажам од тој Закон тие имаат постапено. Така што, прашањата за компетентноста, за CV-то на новиот директор ќе ги упатите во Надзорниот одбор, истакна министерот Бочварски по почетокот на градежните работи на „Бехтел и Енка“ на Коридорот 8.

Слични содржини