Бочварски: Општинскиот штаб за заштита и спасување е против карантин за Штип

од Aleksandar Petrovski

Денес одржавме општинскиот штаб за заштита и спасување во проширен состав на кој присуствуваше и државниот секретар во Министерство за здравство, Владимир Милошев ја разгледавме новонастанатата состојба во Штип, напиша градоначалникот на Штип, Благој Бочварски на Фејсбук.

Општинскиот штаб за заштита и спасување ги донесе следните одлуки:

– На предлог на Општинскиот штаб за заштита и спасување и Централниот кризен штаб, од утре (вторник) 02.06.2020 година, ќе бидат затворени 5 конфекции во Општина Штип.
– Од утре започнува пошироко тестирање за Ковид 19 на вработените од овие 5 конфекции.
– Задолжително вработените од овие 5 конфекции треба да останат во самоизолација и да ги почитуваат мерките за заштита на сопственото и на здравјето на останатите граѓани.
– Општинскиот штаб за заштита и спасување е против карантин за Штип, но ќе ја следиме состојбата во наредните неколку денови и доколку бројката на заболени лица се зголемува ќе биде предложено затворање на градот и воведување на полициски час.

Апелираме за најсериозно почитување на мерките и насоките од Владата и институциите!

Посебен апел до оние граѓани кои шират лажни информации дека вирусот не постои и е измислица, а всушност се работи за вирус којшто е сеуште присутен овде и борбата со истиот треба да ја водиме сите заедно.

Да не дозволиме поради некои коишто не ги почитуваат мерките да го затвориме целиот град, а со тоа да ја запреме економијата, а голем број на граѓани да останат на улица, напиша Бочварски.

Слични содржини