„Бог ми даде среќа да имам хит за сите времиња со Џеј“

од Vladimir Zorba

Веста за смртта на пејачот Џеј Рамадановски ги изненади сите, особено неговите најблиски. Нема колега што не го сакал, а многумина имаа можност да пеат со него. Токму така се создаде познатиот хит „Славија“ со пејачката Мина Костиќ.

„Никогаш не се предаваше, секогаш беше весел. Го познавам од 1993 година, тој доаѓаше да ме слуша. Пеев во неговиот клуб, ми беше чест да му бидам колешка. Научив многу од него, и Бог ми даде среќа што го имав оној голем хит со него што ќе остане за сите времиња“, вели Мина Костиќ.

Како што истакнува, остана човек со големо срце, и бил добар за сите.

„Сите сме многу депресивни и тажни“, вели пејачката.

Таа е благодарна за сè што направил за неа, вели и дека тој и бил како брат.

„Ако некој има добра песна, тој ве фали, тој никогаш не озборуваше, навистина беше голем човек“, заклучи пејачката.

Слични содржини