Богдановиќ: Општинската реализација на приходи во Центар е за 105% подобра од лани

од Nikola Popovski

Вчера ја одржавме 71-вата и последна седница на овој состав на Советот на Општина Центар, со две точки на дневниот ред, Квартален извештај за извршување на буџетот и извештајот за реализацијата на иницијативата за подигнување на спомен обележје на писателот Горан Стефановски, информира градоначалникот во заминување, Саша Богдановиќ.

Тој им се заблагодари на семејството Стефановски, на Одборот за подигнување на спомен обележјето и на Здружението за промоција и зачувување на културното наследство на Горан Стефановски, за несебичниот ангажман, кој поради КОВИД 19 пандемијата ни одзеде малку повеќе време, за на крај, клупата со Горан да го краси неговото Дебар Маало.

-Воедно, ја известувам јавноста дека општинската реализација на приходи е за 105% подобра од ланската година, ја подмиривме и последната рата од кредитот за изградба на катната гаража „Судска палата“ и општината за овој период нема ниедна неподмирена обврска. Им благодарам на советниците и на сите останати мои соработници кои беа дел од овој Совет и им посакувам успех во нивните понатамошни предизвици, објави Богдановиќ на својот Фејсбук профил.

Слични содржини