Богдановиќ по падот на дрвото во Општина Центар: Детето е само изгребано и за среќа е добро

од Stefanija Kuzmanovska

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, во изјава за „Либертас“ информирал дека повреденето дете од падот на дрвото кај ОУ Коле Неделковски, за среќа, нема посериозни повреди.

-Причинета е само материјална штета на паркираното возило. Детето е само изгребано и за среќа е добро. Уште еднаш сакам да нагласам дека, се случува често, во изградба, по ископувањето на улицата да откриеме дека извесни дрва немаат корен, иако тоа не се чини така. Дрвата раззеленуваат сезонски, но имаат болни корени. Вчера немаше ниту ветер, а дрвото падна. Затоа и покренавме акција, каде што обновуваме улици, да ги исечеме оштетените дрва – изјави Богдановиќ.

Богдановиќ информираше дека службите го отстраниле дрвото кое падна синоќа во Општина Центар.

 

Слични содржини