Богоевски кон Героски: Видиш Геро и ти имаш висок просек, тоа не е знак за квалитет (фото)

од Vladimir Zorba

Поранешниот пратеник Павле Богоевски и Бранко Героски имаа своевиден дуел на социјалните мрежи, кој започна со објава на новинарот, и воедно бранење на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, дека просекот 10.00 на правниот факултет не може да му се оспори на никаков начин.

– Сите знаеме дека Апасиев има просек од 10.00, на Правен, ама…Чекај малку! Што ама? Тебе колкав ти е просекот?, прашува Героски, кој вели дека тој самиот имал 9,7.

Тука се јави поранешниот лидер на Шарената опозиција со коментар: Видиш Геро и ти имаш висок просек, тоа не е знак за квалитет!

Следеа лавина на коментари по објавата на екс пратеникот, а самиот Героски, возврати со прашање: Павле пак на пола си?

Слични содржини