Богоевски: Кривични постапки против членови на ДУИ има, но сум разочаран од темпото на водење на тие постапки

од Nikola Popovski

„Длабока реформа во судството е потребна. Проблемите не се настанати во последните 3 години и не се проблеми настанати во последните 15 години, откако Никола Груевски дојде на власт. Начинот на работа се создавал во 90-тите години“, изјави поранешниот пратеник и граѓански активист, Павле Богоевски.

„Што се однесува до ДУИ, тоа беше елементот кога искоментирав дека поготово функционери кои што се дел од сегашната власт. Постапки против нив има, но сум разочаран од темпото на водење на тие постапки, чија што одговорност треба да ја бараме во самите судии и во обвинителите, но и тоа како обвинителите преку секој можен начин прават правен трик, да ги успорат постапките“, смета Богоевски.

За него, многу е лошо тоа што првите чекори ги гледаме дури со години по завршувањето на протестите и промената на власта, но постапките пред судовите се бавни.

Слични содржини