Богојески: „Соломонско решение” за македонската историја, по вкусот на соседите!

од Vladimir Zorba

„Нема да ја објектизираме историјата, што е европски стандард, туку ќе ја укинеме како посебен наставен предмет којшто досега се изучуваше како редовен предмет во училиштата. А укинувањето ќе го прогласиме за европска реформа или работава е подобро да не учиме ништо, отколку да учиме вистина. Вистина која ги боли и едни и други“,пишува промоторот на Македонски концепт,Петар Богојески на својот Фејсбук профил.

„Многу ме интересира МОН да го појасни предлогот да спои историја и географија и граѓанско во еден предмет – општество?!? Кој ќе предава, даскалот по историја или тој по географија?!? Или двајцата по 15 минути или заедно во хор? На кој начин ќе се спојат целосно различни предмети?”, вели Богојески.

Образованието и онака е дерогирано, единствено полошо од короната за образованието на нашите деца е ваквото очајно политиканство, со кое сакаме да им удоволиме на сите, само нашите деца да си ги унаказиме, смета тој.

Слични содржини