Бока Јуниорс заинтересирани за Хамес

од Vladimir Zorba

Аргентинскиот гигант Бока Јуниорс сака да го привлече поранешниот играч од средниот ред на Реал Мадрид, Хамес Родригез, пренесуваат шпанските медиуми.

Плејмејкерот моментално е играч на Ал Рајан, но не е среќен во тимот и сака да си замине. Тој во катарскиот тим дојде минатото лето од Евертон.

Раководството на Бока Јуниорс во него гледа играч кој може сериозно да го подигне нивото на тимот во обидот да го освои Копа Либертадорес.

Слични содржини