Борел: Дијалогот меѓу Белград и Приштина за нормализација на односите во клучна фаза

од Vladimir Zorba

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Жозеп Борел изјави дека дијалогот меѓу Белград и Приштина за нормализација на односите со поддршка на ЕУ е во клучна фаза.

Канцеларијата на Европската унија во Косово на Твитер соопшти дека Борел на денешната седница на Советот за безбедност на ОН посочил дека ЕУ им доставила предлог на страните во дијалогот и додаде дека се надева дека тие ќе се ангажираат конструктивно на следниот состанок и ќе ја искористат можноста, пренесе Косово онлајн.

„Дијалогот меѓу Белград и Приштина за нормализација на односите, со поддршка на ЕУ, е во клучна фаза. ЕУ им претстави на страните предлог кој ќе го стави процесот на нормализација на солидна, напредна патека. Ќе бидам домаќин на двете страни во Брисел следната недела и се надевам дека тие ќе се ангажираат конструктивно и ќе ја искористат оваа единствена можност“, рече Борел, соопшти Канцеларијата на ЕУ во Косово.

Слични содржини