Босанска фудбалска легенда: Му благодарам на Белград за вакцинацијата на мајка ми и сестра ми

од Nikola Popovski

Сергеј Барбарез, познатиот фудбалер и поранешен капитен на Босна и Херцеговина, реши да ѝ се заблагодари на Србија затоа што неговото семејство можело да се вакцинира, но и да ја критикува владата во татковината.

Легендата на фудбаслкиот клуб Хамбургер (постигнал 65 гола на 174 настапи во Бундеслигата) во само две реченици го сумирал она што го мисли за ситуацијата во двете земји.

„Ви благодарам, мој Белград, од се срце, бидејќи им дадовте шанса на мајка ми и сестра ми да се вакцинираат, а со тоа и шанса за подобар живот. А вас босански политичари, да не ве спомнувам поединечно, затоа што и не сте го заслужиле тоа, сè уште сте горди на својот идиотизам и незнаење“, напишал Барбарез на Твитер.

Барбарез со години играше на највисоко ниво во Бундеслигата, каде уште ги носеше дресовите на Хановер, Унион Берлин, Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен. Тој го подели првото место на листата на стрелци во Бундеслигата во сезоната 2000/2001 кога постигна 22 гола, како и Ебе Санд од Шалке.

Собра 47 натпревари за репрезентацијата на Босна и Херцеговина, на кои постигна 17 погодоци. Тој беше капитен на тимот, а последниот натпревар го одигра во октомври 2006 година против Молдавија во квалификациите за Европското првенство.

Слични содржини