Храната со етикета за здрава, може да доведе до дебелеење, бидејќи луѓето автоматски претпоставуваат дека таа не е толку заситена и ја консумираат во поголеми количества, пишува  “Дејли мирор”, повикувајќи се на резултатите од едно американско истражување.ec0056499f02cfc1a4e7f8fe2bf283ae

Зголемениот број прехранбени производи, рекламирани и продавани како корисни за здравјето, всушност придонесуваат за потхранување на епидемијата на дебелеење, наместо да помогне за нејзино надминување, предупредуваат авторите на оваа студија од Универзитетот на Тексас во Остин.

Проблемот е што луѓето ја гледаат здравата храна како недоволно заситувачка и како компензација консумираат поголеми количини од неа, објаснуваат истражувачите.

За целите на истражувањето стручњаците ги  разделиле студентите на три групи и известувале за количините на консумираната храна од нив, претставена како здрава или нездрава, и после тоа за чувството на глад.

Истражувачите откриле дека кога храната е претставена како здрава, учесниците во експериментот порачувале поголеми порции и консумирале поголеми количини од неа.

Како изненадување за експертите се испоставил фактот дека истото го прават дури и луѓето кои не гп доживуваат претставеното како здрава храна како помалку заситено во споредба со нездравото. Оваа студија е уште во поддршка на сфаќањето дека психолошките причини играат улога во прејадувањето и зголемувањето на телесната тежина.

Утешително е дека проблемот има своето решение – перцепцијата на одредена храна како помалку заситена ќе исчезне, ако се укаже на тоа колку хранлива е таа, наместо колку е корисна за здравјето.

Слични содржини