Бразил стави крај на две импресивни серии на Англија

од Vladimir Zorba

Репрезентацијата на Бразил победи со 1-0 на гостувањето кај Англија во контрола и со тоа стави крај на импресивна серија на својот ривал.

Ова е прв пораз за „Трите лава“ во пријателски натпревар од март 2016 година кога загубија со 1:2 од Холандија. Џејми Варди тогаш погоди за Англичаните, по што Винсент Јансен од пенал и Лучијано Нарсинг ги постигнаа головите за „лалињата“. Оттогаш, островјаните поминаа 18 последователни контроли без ниту еден пораз за нив.

Тоа беше и прв пораз на Англија на „Вембли“ во регуларното време од октомври 2020 година, кога Данска победи со 1-0 во Лигата на нациите откако Кристијан Ериксен постигна гол од белата точка.

Во овој период, четата на Герет Саутгејт одигра 21 натпревар на легендарниот стадион, на кои имаше само победи и нерешени.

Слични содржини