Бред Пит има нова љубов, помлада е од него 29 години (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

За емотивниот статус на Бред Пит во неколку наврати се зборуваше по неговиот развод со Анџелина Џоли.

Го поврзуваа со бројни убавици, меѓу кои и Емили Ратајковски, но актерот не се огласи по тоа прашање.

Тој сега е фотографиран со 29-годишната Инес де Рамон, која е поранешна сопруга на американскиот актер Пол Весли.

Пит и Инес изгледале прилично блиски кога биле забележани заедно на концертот на Боно во Лос Анџелес.

Според „Дејли Мејл“, Бред ја држел за рамената и ја привлекол поблиску до себе додека разговарале со пријателите, Синди Крафорд и нејзиниот сопруг Ренди Гербер, Шон Пен и Вивиен Вествуд.

Слични содржини