Бред Пит откри дека сè уште ја сака ОВАА жена

од Radmila Tasevska

Бред Пит (59) се бакнуваше со бројни дами, некои од познатиот свет, некои не поврзани со јавните професии, а сега откри која врска му била една од најубавите.

Не, не се работи за онаа со Џенифер Анистон, ниту за онаа со Анџелина Џоли.

Сигурно и нив тој ги класираше како убави, барем до моментот кога почнаа погубните проблеми, но сега мислеше на трета жена. Станува збор за шармантната Џулиет Луис (49), која ја запознал на снимањето на филмот „Премлада за да умре“, кој почна да се прикажува во кината во 1990 година.

Тогаш Џулиет имаше 17 години, а Бред 27.

– Сè уште ја сакам таа жена. Прекрасно си поминав со неа. Тоа беше една од најдобрите врски во кои сум бил. Проблемот е што растеме со визија дека љубовта победува се, а тоа едноставно не е така, нели? – изјави актерот во интервју за Vanity Fair.

Џулиет и Бред заедно глумеа и во трилерот Калифорнија. Тие беа во врска три години, раскинаа во 1993 година.

Слични содржини