Британија: Шефот на полицијата најави отпуштања, 800 полицајци ќе бидат под истрага

од Stefanija Kuzmanovska

Стотици припадници на лондонската полиција, вклучително и високи офицери, најверојатно ќе бидат отпуштени поради сексуална и семејна злоупотреба и слични кривични дела, изјави денеска првиот човек на лондонската полиција Марк Роули.

Во извештајот на „Ројтерс“ се вели дека мерката е обид да се врати довербата на јавноста во полицијата, откако лондонскиот полицаец Дејвид Керик (48) призна дека е сериски силувач.

Лондонската метрополитенска полиција, која беше потресена од низа скандали во последниве години, беше дополнително компромитирана со признанието на Керик и прифаќањето на вината за 24 точки од обвинението за силување што ги извршил неказнето помеѓу 2003 и 2020 година.

Слични содржини