Британската влада гази ветувања! Бројот на депортирани Европејци расте

од desk3

Бројот на граѓаните од ЕУ, депортирани од британската влада по гласањето на референдумот за Брекзит, значително се зголеми и покрај ветувањата на властите за гарантирање на нивните права. Тоа го објави БНР, повикувајќи се на ексклузивен материјал во “Индипендент”. Анализата на податоци на владата покажува дека за првите три месеци од 2017 година се извршени 26 проценти повеќе принудни враќања на луѓе отколку за истиот период претходната година.

За последните 12 месеци од Велика Британија биле депортирани околу 5000 европски граѓани. Анализата доаѓа откако минатата недела протекоа информации дека Министерството за внатрешни работи има планови да ја ограничи чувствителната имиграцијата од Европа по Брекзит. Поранешниот премиер Тони Блер ги повика со нови строги мерки да се заузда имиграцијата, што го промени мислењето на гласачите за Брекзит за  да не дојде до излегување од ЕУ. Бранители на човековите права во Велика Британија изјавија за “Индипендент”, дека многу од актите на депортација се нелегални, а лабуристите ги нарекоа податоците срам за Велика Британија, кој може да ги направи преговорите за Брекзит потешкои.  Против некои од депортациите веќе течат дела во британски судови.

Слични содржини