Британски министер: Ковид-пасошите се добар пат кон опоравување на економијата

од Nikola Popovski

Министерот за финансии на Велика Британија, Риши Сунак, денес оценил дека идејата за воведување на ковид-пасош може да биде добар начин за олеснување на економското закрепнување на Велика Британија од пандемијата.

„Тоа е комплицирано, но релевантно прашање како да се помогне во нормализирање на животот во земјата“, рече Сунак утрово во интервју за Би-Би-Си, пренесува Ројтерс.

Британскиот премиер Борис Џонсон минатата недела изјави дека владата ќе ги разгледа научните, моралните, филозофските и етичките аспекти на прашањето за користење на сертификати за лица кои се имунизирани, што ќе придонесе за обновување на секторот за забава и услуги.

Слични содржини