Британското МО: Украинските сили во Северодоњецк нападнати од три правци

од Stefanija Kuzmanovska

Украинските бранители се „држат“ во источниот град Северодоњецк, и покрај руските напади од три правци, објави британското Министерство за одбрана во својот утрински извештај.

Малку е веројатно дека едната или другата страна окупирала значајна територија во текот на претходниот ден, наведува Министерството, пренесува Би-Би-Си.

Додека Русија ги насочува своите напади врз источниот дел на Донбас, таа држи одбранбени позиции на други места, соопшти британското Министерство.

Двете страни се обидуваат да ги ослободат силите за нови напади додека држат одбранбени линии долж фронтот од 500 километри, се вели во извештајот.

Слични содржини