Брод кој пловел кон Украина потона во Средоземното Море

од Stefanija Kuzmanovska

Турските спасувачки служби трагаат по девет членови на екипажот на комерцијален брод кој потона во Средоземното Море, кој пловел кон украинското пристаниште Измаил, соопшти гувернерот на провинцијата Анталија, Ерсин Јазиџи.

Како што јави агенцијата „Демирорен“, на бродот имало 14 членови на екипажот, од кои петмина се спасени.

Во соопштението на турската крајбрежна стража се наведува дека бродот под знамето на Гвинеја Бисао, на пат од Искендерун кон Измаил, потонал на 5 април во 03:47 часот по локално време во близина на брегот на градот Кумлук.

Во акцијата за пребарување и спасување учествуваа два хеликоптера и авион на крајбрежната стража. Обвинителството во Кумлуча започна истрага за инцидентот.

Што превезувал бродот засега не е објавено, пренесува „Спутник“.

Слични содржини