Брод со околу 200 мигранти исчезна во близина на Канарските острови

од Stefanija Kuzmanovska

Брод со околу 200 мигранти од Сенегал исчезна кај Канарските Острови, а според невладините организации, на него има многу деца.

Во потрагата по исчезнатите учествуваат шпански спасувачи, а невладината организација „Walking Borders“ наведува дека бродот испловил пред една недела од пристаништето Кафунтин во Сенегал, кое е на околу 1.700 километри од Тенерифе, јавува Би-Би-Си.

Се додава дека во потрагата учествува и авион, како и дека исчезнале уште два случајни брода со 60 и 65 лица.

Слични содржини