Бројот на заразени во Европа надмина 10 милиони

од Vladimir Zorba

Бројот на заразени со коронавирус во Европа надмина десет милиони, откако бројот на нови случаи е двојно зголемен за пет недели.

Минатиот месец, Латинска Америка и Азија објавија повеќе од десет милиони случаи, а само во САД има повеќе од девет милиони случаи.

„Додека на Европа и беа потребни девет месеци да ги регистрира првите пет милиони случаи, ги објави следните пет за нешто повеќе од еден месец“, се вели во анализата на Ројтерс.

Во последните седум дена, во Европа се регистрирани повеќе од 1,6 милиони нови случаи, скоро половина од потврдените 3,3 милиони ширум светот.

Европа има десет проценти од светската популација, а на стариот континент 22 проценти од сите 46,3 милиони заразени во светот.

Како резултат на Ковид-19, 1,2 милиони луѓе починаа во светот, од кои 269 илјади во Европа.

Слични содржини