Брзата храна двојно го зголемува ризикот од неплодност

од desk2

 

Жените кои редовно конзумираат брза храна имаат два пати поголем ризик од неплодност, покажуваат резултатите на студијата објавена во магазинот “Human Reproduction”.

Студијата во која учествувале 5.598 жени на возраст од 18 до 43 години од порачјата на Австралија, Нов Зеланд, Велика Британија и Ирска, покажа дека жените кои четири или повеќе пати седмично конзумираат брза храна имаат поголем ризик од неплодност.

Жените кои често конзумирале брза храна во просек останувале бремени еден месец подоцна од оние кои никогаш не јаделе брза храна.

Резултатите од студијата покажале дека и секојдневното конзумирање повеќе порции овошје ги зголемуваат шансите за зачнување.

„Установивме дека најмногу време да забременат им требаше на жените кои јаделе поалку овошје“, вели Клер Робертс, главна авторка на студијата и професорка на австралискиот Универзитет Аделаида.

Жените кои имаат проблем со неплодност според стручњаците треба да конзумираат повеќе овошје и зеленчук, цели житарки, семки, јаткасти плодови, здрави маснотии, млеко и млечни производи.

Слични содржини