Јадењето брза храна ги убива стомачните бактерии кои штитат од дебелеење, дијабетес, рак, срцеви заболувања, воспалителни процеси во цревата и аутизам, покажуваат последните истражувања.fast-food

Човековите црева содржат околу 3 500 различни бактерии, кои земени заедно опфаќаат речиси 1 кг тежина, пишува “Телеграф”.

Научниците веруваат дека нездравата храна, за разлика од оние кои се дел од урамнотежена исхрана, можат да го намалат бројот на микроорганизмите во стомакот на човекот до една третина. Откритието може да објасни зошто некои луѓе накачуваат килограми, а други не, и покрај приближно еднакво применото количество масти, шеќери, протеини и јаглехидрати. Ова стана јасно од студиите на Тим Спектор, професор по генетска епидемиологија на Кралскиот колеџ во Лондон.

Наодите на професорот Спектар се во поддршка на веќе постоечкии стражувања кои покажуваат дека проблемот е многу посложен од само прекумерното јадење.

Микроорганизмите во стомакот исто така играат клучна улога во парирањето на потенцијалните штетни микроби и регулирањето на метаболизмот.

Тие произведуваат дигестивни ензими, заедно со витамин А и К, кои се потребни за апсорбирањето на важни минерали како калциум и железо.

Друго истражување и тестови спроведени на Универзитетот во Колорадо, САД, открија дека трансферот на бактерии од прекумерно дебел човек во организмот на глушец  доведоа до дебелеење на животното.

Професор Спектар соопшти: “Микробите имаат лоша слава, но само неколку од милионите видови се штетни за нас. Поголемиот дел се од клучно значење за нашето здравје”.

Слични содржини