Брзите кредити уриваат рекорди- Нето добивката на топ пет финансиски друштва во 2023-та била за 38,6 % поголема од претходната година

од Vladimir Zorba
2,5K прегледи

Не спласнува интересот на граѓаните за брзи кредити и задолжување на побрз и на поедноставен начин.

За голем број луѓе овој начин на обезбедување дополнителни средства останува и понатаму една од најлесните опции да се дојде до кеш пари.

Поткрепа на ваквата пракса се и последните податоци на “Бизнис Мрежа” кои покажуваат дека минатата 2023 година пет финансиски друштва направиле одлучни резултати. Кај дел од нив има двојно зголемување на добивката, но и континуирани позитивни поместувања во период од три последователни години.

Во однос на остварената добивка на врвот е ФЛЕКС КРЕДИТ ДОО со 8,9 милиони евра за разлика од 4,8 милиони евра остварени во 2022 година или раст од 85,4%. Од друга страна приходите на ова друштво во 2023 достигнале речиси 15,4 милиони евра во однос на 9.8 милиони евра приход остварен во 2022 г. Изразено во проценти, тоа покажува раст од 57,14%. Нето добивката не била занемарлива ниту во 2021 година, кога друштвото остварило нето добивка од 2,17 милиони евра.

На второ место по остварена добивка во 2023 година е ФИНМАК ДОО позната во јавноста како ТИГО брзи кредити. Лани ТИГО остварил добивка од нешто над 3 милиони евра што е помалку во однос на годината пред тоа кога добивката изнесувала 3,8 милиони евра. Но во однос на остварениот приход, ФИНМАК минатата година ја завршил со приход од 20 милиони евра што е и најголем остварен приход меѓу топ петте финансиски друштва минатата година. Споредено со 2022, ова друштво бележи раст на приходите од 35,3 %.

На трето место е МКеш. И тие 2023 година ја завршиле со раст и на приходите и на добивката. Вкупни приходи лани достигнале 8,47 милиони евра или 19,2 % повеќе од годината пред тоа и добивка која е за 56 % повисока од таа остварена во 2022 година.

ФД Кредисимо е на четвртото место по остварена добивка во 2023 година. Ова финансиско друштво ја зголемило добивката од 1,03 милиони евра во 2022 на 1,2 милиони евра во 2023-та, а позитивни поместувања има и на страната на приходите од 3,7 во 2022 година на повеќе од 4,5 милиони евра во 2023 година. Изразено во проценти, тоа е раст од 20,3 %.

Изи Фајненс во 2023 година ја зголемило добивката за над 39 проценти во однос на 2022, а добри резултати имаат и ан приходната страна која покажува дека од 1,5 милиони евра во 2022 приходите лани скокнале на 2,47 милиони евра што претставува раст од над 64 проценти.

Интересно е што освен Кредисимо, приход од над 19 милиони евра минатата година направило и финансиското друштво ИУТЕ Кредит Македонија, но според остварената добивка од нешто над 487 илјади евра е на шестото место на табелата.

Споредувањето на податоците за работењето во 2022 година покажува дека ИУТЕ Кредит има раст на приходите од 24,9% и раст на добивката од 287 проценти.

Четвртата позиција е на Изи Фајненс кој годината ја завршил со добивка од 1,89 милиони евра.

Според објавените податоци на БизнисМрежа, Флекс кредит, Финмак, МКеш, Кредисимо и Изи Фајненс, во 2023 г. направиле вкупен приход од 50,67 милиони евра, за разлика од 36,9 милиони приходувани во 2022 г. или во проценти раст од 37,3 проценти.

Добивката на овие пет топ финансиски друштва лани изнесувала 16 милиони евра или 4,5 милиони повеќе од годината пред тоа.

Финансиско друштво
Приход во 2023 (евра)
Добивка во 2023 (евра)

ФЛЕКС КРЕДИТ ДОО Скопје
15.381.288;
8.903.034

ФИНМАК ДОО (ТИГО)
19.812.384;
3.058.697

МКеш
8.477.517;
2.341.937

ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје
4.525.799;
1.202.005

Изи Фајненс
2.474.443;
499.608

ИУТЕ Кредит Македонија
19.364.441;
487.535

Финансиско друштво
Приход во 2022 (евра)
Добивка во 2022 (евра)

ФЛЕКС КРЕДИТ ДОО Скопје
9.871.647;
4.811.973

Финмак ДОО (ТИГО)
14.643.708;
3.852.260

МКеш
7.111.135;
1.497.303

ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ
3.761.754;
1.027.322

Изи Фајненс
1.503.485;
357.808

ИУТЕ Кредит Македонија
15.500.780;
170.331.

К.В.С.

Слични содржини