Бугарскиот европратеник Ковачев: Браво Пендаровски, конечно сфативме што се случи…

Во пресрет на вчерашната изјава на претседателот на С. Македонија, Стево Пендаровски, во која вели дека со политиката на негирање на македонскиот народ и јазик, Бугарија покажува дека не може да излезе од времето на Тодор Живков, се огласи и бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев.

Имено, тој денеска во бугарските медиуми одговори на изјавата на претседателот Стево Пендаровски кој вчера изјави дека денешна политика во Бугарија – власт, опозиција, сосема сеедно, нема излезено од матрицата на Тодор Живков, кого го посочи како основоположник на позициите дека не постои македонски народ и македонски јазик.

„Браво за Пендаровски! Конечно разбравме што се случи: Христо Татарчев, Гоце Делчев, Дамјан Груев, браќата Миладинови, Григор Прличев и сите други преродбеници и револуционери се идентификуваа како Бугари затоа што ги следеа упатствата на Тодор Живков. На ист начин, царот Самоил и неговите синови се пишале како ‘бугарското семејство“ под притисок на овој ‘патник низ времето’. Нивото паѓа ли паѓа“, вели Ковачев во изјава за БГНЕС.

Слични содржини