Бунтовниците што ги поддржува Турција соборија хеликоптер на сириската влада (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Бунтовниците што ги поддржува Турција соборија хеликоптер на северозападот на Сирија.

Се верува дека хеликоптерот ѝ припаѓа на сириската влада, објави турската телевизија „ТРТ Хабер“. Хеликоптерот бил соборен јужно од Идлиб, пренесе „Ројтерс“.

Според првичните информации, хеликоптерот е разнесен од земја со рачен ракетен систем „земја-воздух“.

„Потврдено е дека сите четири членови на екипажот загинале“, соопштил сириски воен извор.

 

Слични содржини