Чави по триумфот на „Парк де пренс“: ПСЖ останува фаворит

од Vladimir Zorba

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез ја пофали победата на неговата екипа над Пари Сен Жермен на „Паркот на принцовите“. Каталонците победија со 3:2 во првото четвртфинале во Лигата на шампионите и се поблиску до полуфиналето на турнирот.

„Секако дека победата е многу важна. Да се ​​победи на гостински терен во оваа фаза во Лигата на шампионите е сериозно достигнување. Игравме добро, особено во дефанзива. Ги следевме тактичките упатства, а голем придонес за успехот имаа и крилата“, изјави Чави на прес-конференцијата по натпреварот.

„Кубарси скокаше напред и го покриваше секој противник што беше во неговата зона. Педри силно се вклучи. Со својот гол многу помогна и Кристенсен. Горд сум на овој тим“, нагласи Чави.

„Добро притискавме и цело време си помагавме. Не им дадовме слободни места на домаќините и нашата одбрана беше одлично организирана. И покрај се, ПСЖ останува фаворит. Ќе ни биде исклучително тешко во реваншот. Покажавме дека сме живи. Барса долго страдаше во Лигата на шампионите, се надевам дека овие кошмари се веќе минато“, додаде тренерот на Барса.

„Блаугранас“ се непоразени на 12 натпревари откако Чави објави дека ќе се повлече на крајот од сезоната. Тимот последен пат загуби со 3:5 од Виљареал на 27 јануари.

Слични содржини