Чешка донира 2,39 милиони вакцини, дел од нив ќе завршат во С. Македонија

од Stefanija Kuzmanovska

Чешката влада денеска донесе одлука да испрати 2,39 милиони вакцини против ковид-19 како подарок на 12 земји, вклучувајќи ги Северна Македонија, Босна и Херцеговина и некои земји во Африка и Азија, вклучувајќи го и Тајван.

Подарокот се заснова на договорот на лидерите на земјите-членки на Европската унија да подаруваат 100 милиони дози вакцини на трети земји.

„Земјите-членки можеа да утврдат приоритетни земји на кои сакаат да им испраќаат вакцини од нивната квота“, рече чешкиот министер за здравство, Адам Војтех, додавајќи дека 250.000 дози вакцини за Виетнам и 30.000 за Тајван не се од европскиот дел на глобалната иницијатива „Ковакс“.

Чешка ќе се откаже од еден милион вакцини на американската компанија „Фајзер“ во корист на Словачка, но Словачка ќе плати за тие вакцини.

Чешката влада, исто така, планира да ги врати десетиците илјади вакцини што ги прими пролетта од Австрија, Унгарија и Словачка.

„Сега имаме доволно вакцини“, рече министерот Војтех.

Чешка нарачала вкупно 23,9 милиони дози вакцини регистрирани во ЕУ, досега и биле доставени 9,6 милиони и според Министерството за здравство нема да може да ги искористи сите.

Слични содржини