Чешка и Северна Македонија ќе ја прошируваат економската соработка, особено во делот на пласирање земјоделски производи

од Vladimir Zorba

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска, министерот задолжен за унапредување на правната регулатива за домашни компании Хисен Џемаили и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Александар Младеновски ја започнаа работната посета на Брно, Република Чешка,каде што овие денови се одржува најголемиот инжинерски саем во Централна Европа.

Пред свеченото отворање на саемот, официјалната Владина делегација оствари средба со вицепремиерот и министер за трговија и индустрија на Република Чешка, Карел Хавличек, со кого разговараа за досегашнатаекономска соработка помеѓу двете земји, како и потенцијалите зазголемување на трговската размена, можностите за инвестирање и енергетските реформи во нашата земја.

По состанокот помеѓу двете делегации, Анѓушев истакна дека постои простор за проширување на економската соработка помеѓу двете земји, особено во делот на пласирање земјоделски производи во Република Чешка, интензивирање на соработката помеѓу чешките и компаниите од Северна Македонија, како и во поглед на инвестиции од Чешка во нашата земја.


„Веќе имаме пример на чешка инвестиција, тоа е компанијата Локотранс,која што има најавено дека ќе гради фабрика во нашата држава за шинскивозила. Се обидуваме да привлечеме и други компании, не само да градат,туку и да бидат купувачи на производите од нашите индустрискикапацитети. Денес и утре ќе имаме средби со бројни компании во Чешка имислам дека ќе имаме добар развој на соработката и економската разменамеѓу нашите две земји“, изјави вицепремиерот Анѓушев по средбата со Хавличек.

Чешкиот вицепремиер Хавличек изрази задоволство од одржаниот состанок и добиените информации за инвестициските можности во Северна Македонија, особено за условите за инвестирање во технолошко-индустриските развојни зони.


„Дефинитивно би сакале да ги дискутираме условите за инвестирање воТИРЗ во Северна Македонија со сите претставници на чешките претприемачи, Стопанската комора и Конфедерацијата на индустрии, затоа што верувам дека многу чешки компании ќе бидат заинтересирани запроизводни активности во зоните“, нагласи Хавличек.

Вицепремиерот Анѓушев и Владината делегација остварија и куса средбасо претседателот на Владата на Република Чешка, Анреј Бабиш, пришто се заблагодарија за поддршката од Република Чешка за евро-интеграциските процеси на нашата земја и за исклучително значајнатаприлика да се изврши презентација на инвестициските потенцијали наСеверна Македонија пред чешките компании.По обиколка на саемот, на кој се присутни преку 1600 компании од Чешка ицелиот свет, министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска и министерот задолжен за унапредување на регулативата за домашникомпании Хисен Џемаили посочија дека во овие два дена, за време напосетата на Брно, ќе се остварат средби со повеќе компании и ќе бидатпрезентирани условите за инвестирање во земјата, при што се надеваатдека некоја од компаниите ќе изрази интерес за посета на Северна Македонија.

„Ова е одлична можност да ги претставиме нашите иневстициски иекономски политики, поволностите за инвестирање. Независно од тоа што привршуваат разговорите со една голема чешка компанија, со инвестицијаод околу 20 милиони евра, ги отвораме вратите и за останатите чешкикомпании во Република Северна Македонија“, рече министерката Апостолска.

„Чешката страна изрази интерес за зголемување на присуство на чешкитекомпании на македонскиот пазар, со што се согласивме да ја интезивирамеи зголемиме размената на искуства и почестите состаноци меѓу дветедржави“, нагласи министерот Џемаили.

Слични содржини