Чешката влада одобри продолжување на воената помош за Украина

од Radmila Tasevska

Чешката влада одобри натамошна испорака на воена помош за Украина и ќе продолжи да испраќа опрема од залихите, изјави денес министерката за одбрана, Јана Черночова.

Министерката не даде информации за тоа каква специфична опрема испорачува Чешка, но рече дека земјата од своите воени резерви досега испратила 38 тенкови, 55 оклопни возила, четири авиони и 13 самоодни хаубици, заедно со поголеми пратки од приватниот сектор, пренесе Ројтерс.

Чешкиот премиер, Петр Фијала, вчера најави дека Чешка ќе продолжи со испораките на оружје за Киев и дека во наредните месеци ќе пристигнат десетици милијарди круни како помош за Украина.

Слични содржини