Четворица лекари го посетиле: Навални нема никакви здравствени проблеми?

од Nikola Popovski

Опозицискиот лидер Алексеј Навални нема сериозни здравствени проблеми, тврдат од Кремљ.

Четворица лекари надвор од рускиот затвор го посетиле критичарот на руската влада, Алексеј Навални и не утврдиле сериозни здравствени проблеми, пренесува новинската агенција РИА, цитирајќи ја изјавата на руската комесарка за човекови права, Татјана Москалкова.

Неколку соработници на Навални биле приведени рано утрово пред протестот поради неговото влошено здравје по тринеделниот штрајк со глад, пренесува Ројтерс.

Руската полиција денеска уапси осум лица во градот Магадан, на крајниот исток од Русија, објави на социјалните мрежи, опозициската организација „Отворена Русија“ и потврди дека започнале протести низ целата земја поради влошената здравствена состојба на Алексеј Навални, кој издржува затворска казна.

Слични содржини