Член на управата на Подравка: Точно е, во нашата Вегета воопшто нема домашен зеленчук

од Симе Стоиков

Иван Остојиќ, член на Управниот одбор на Подравка, во големо интервју за Агроклуб вели дека целиот сушен зеленчук за Вегета се увезува.

„Би купиле апсолутно се што е можно во Хрватска, ако постои кај нас, односно ако се произведува. Клучните состојки на Вегета се сувиот зеленчук. Во Хрватска во моментов, барем колку што знаеме, нема производител на сув зеленчук кој е во состојба да ги произведе количините што ни се потребни. Се додека не се промени таа состојба, за жал сме принудени да увезуваме сув зеленчук“, рече тој.

Тој ги демантираше тврдењата дека од Србија се увезуваат магдонос, моркови и се за Вегета.

„Не увезуваме магдонос и моркови од Србија. Тоа не е точна информација. Подравка е, би рекол, единствената хрватска мултинационална компанија. Ние продаваме две третини од се што произведуваме во светот. Изложени сме на силна конкуренција од меѓународни мултинационални компании и домашни производители. На светските пазари, мора да бидеме конкурентни“, вели тој.

Слични содржини