Чулев се враќа во Агенцијата за разузнавање

од Nikola Popovski

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев се огласи на Фејсбук, по повод неговиот последен ден од мандатот како министер во Техничката влада избрана за спроведување на предвремените парламентарни избори.

„Во изминатите неколку месеци сите ние, во Министерството за внатрешни работи, но и во државата поминавме низ турбулентен и прилично специфичен период во кој бевме исправени пред значајни и сериозни предизвици. Министерството за внатрешни работи во изминатиот период имаше исклучително важна задача: да го заштити здравјето на граѓаните, да ја гарантира безбедноста на државата и јавниот ред и мир и да организира мирни, безбедни и демократски избори“, соопшти Чулев.

Тој нагласи дека од утре се враќа на неговото претходно работно место во Агенцијата за разузнавање.

„Од таму каде ќе продолжи да давам придонес во областа на безбедноста, а на мојот наследник и колега Агим Нухиу од срце му посакувам успешно извршување на работните задачи во периодот што следи“, објави Чулев.

✋ Почитувани граѓани,✋ Почитувани колеги во Министерството за внатрешни работи,✅ Денес е последен ден од мојот мандат…

Публикувахте от Наќе Чулев в Събота, 25 юли 2020 г.

Слични содржини