Д-р Кунгуловски: Ефикасноста на вакцините, треба да се гледа во тоа колку тие можат да спречат смртен исход

од Nikola Popovski

Д-р Горан Кунгуловски, доктор на науки по геномика и молекуларна епигеномика смета дека ефикасноста на вакцините, треба да се гледа во тоа колку тие се ефикасни за да спречат смртен исход.

„Овој вирус предизвикува релативно висок процент на смртен исход и на хоспитализација. Ефикасноста на вакцините да ја разбереме како ефикасност кон смртен исход. Таа бројка во моментов е сигурно над 95 отсто, или околу 100 отсто, за некои вакцини. Затоа велам дека најдобрата вакцина е онаа вакцина која прва ќе ни стане достапна“, рекол Кунгуловски, на денешната онлајн конференција „Информирај се! твое право, твоја сигурност!“ организирана од Црвениот крст на град Скопје, со поддршка на Швајцарскиот Црвен крст.

Според него, ефикасноста на вакцините е сигурно над 95 отсто.

„Ниту една вакцина не предизвикува болест, а најдобрата вакцина е онаа која прва ќе ни стане достапна“, изјавил Кунгуловски, додавајќи дека доколку се заразиме со еден од новите соеви, многу е веројатно дека симптоматологијата ќе ни биде блага.

„Токму во тоа, вели Кунгуловски, е поентата на вакцините“.

Слични содржини