Д-р Несторовиќ: Во моментов има поголема шанса да добиете тумор и да умрете од него, отколку од корона

од Stefanija Kuzmanovska

Српскиот пулмолог д-р Бранимир Несторовиќ, говорејќи за епидемијата на коронавирус, како гостин на TV Happy, изјави дека во моментов има поголеми шанси да добиете тумор отколку ковид 19.

„Луѓето почнуваат да се однесуваат ирационално кога се исплашени. Во моментов, имате поголеми шанси да добиете малигнен тумор, сериозен и да умрете од него, отколку од ковид. Оваа година, повеќе од 20.000 луѓе ќе умрат од тумори, а околу 3.000 од ковид. Да не зборуваме за кардиоваскуларни болести. Кога ќе ги погледнете податоците за смртност во светот, нема големи промени. Во повеќето земји, вкупната смртност е потполно иста како и минатата година“, истакна д-р Несторовиќ.

Како пример го наведе истражувањето на една американска аналитичарка.

„Ми беше интересно… Објавен е еден труд и веднаш повлечен од американски институт. Нивната аналитичарка ја анализираше смртноста во Америка оваа година. Интересна приказна – колку луѓе починале повеќе од Ковид, тие околу 300.000, за толку излезе дека помалку починале од рак и кардиоваскуларни болести. Се чини дека пациентите кои имале хронични заболувања и добиле ковид и починале, се сметале дека починале од корона“, наведе лекарот.

Тој исто така зборуваше за нов вид на коронавирусот кој доаѓа од Велика Британија.

„Сега таа теза, ми се чини, е побиена. Мислам дека во таа приказна се вклучи и политиката, бидејќи Борис Џонсон пред некој ден имаше непријатен разговор со Ангела Меркел. Оттаму, мислам дека наводно се појавил овој вид“, објасни Несторовиќ.

Слични содржини