Д-р Нуредини: Тројца пациенти починаа, а 11 нови се примени на лекување во тетовската болница

од Vladimir Zorba

Ковид центарот во тетовската болница утрово во седум часот бележи стабилизирање на состојбата со оглед дека има помалку примени и починати луѓе.

Во болница на лекување задржани се 11 луѓе, а вчера имаше 18 лица. Шестмина пациенти се пуштени на домашно лекување. Починати се тројца пациенти, за разлика од вчера кога имаше девет смртни случаи.

– Има тројца починати пациенти, а 11 нови примени на болничко лекување, додека шестлица се пуштени дома. Вкупно хоспитализирано има 125 лица од кои 12 имале една доза вакцина, а петмина се вакцинирале со двете дози. На кислородна поддршка има 121 од 125-те лица, информираше д-р Гзим Нуредини, координатор во тетовскиот Ковид центар.

За 24 часа во амбулантите на ковид центарот за прегледи и контроли се обратиле вкупно 228 лица.

Слични содржини