Д-р Шеклер: Од мајмунски сипаници главно заболуваат хомосексуалци

од Nikola Popovski

Бројот на потврдени случаи на мајмунска сипаница е зголемен на 92, а се истражуваат уште 50 сомителни, соопшти Светската здравствена организација. Првите случаи денеска ги пријавија Израел и Грција, а инфекциите, според СЗО, биле главно, не исклучиво, меѓу хомосексуалните мажи кои имале сексуални контакти.

Мајмунските сипаници е обично лесна вирусна болест, придружена со треска и карактеристичен грутчен осип. Доколку вирусот стигне во Србија, нема причина за загриженост, изјавил српскиот виролог и микробиолог Миланко Шеклер. Во Европа речиси и да нема смртни случаи од мајмунски сипаници, а како што тврди вирусот не е толку заразен.

„Сите пациенти, колку што знам, се мажи на возраст меѓу 20 и 40 години и јасно е откриено дека одреден број биле во близок контакт со друг заразен маж, мислам на хомосексуалноста“, вели д-р Шеклер.

Шеклер потсетува и дека постоечката фармаколошка терапија е ефикасна, а Светската здравствена организација тврди дека вакцините кои досега се користеа за искоренување на големи сипаници се и до 85% ефикасна заштита.

Проф. Џими Витвард од Лондонскиот институт за хигиена и тропски болести вели: „Повеќето луѓе со мајмунски сипаници целосно се опоравуваат за неколку недели. Сепак, има сериозни случаи кои бараат хоспитализација. Формата на болеста која сега е евидентирана во Европа е западноафриканскиот код, кај кого стапката на смртност е од 1 до 100“.

Иако во Европа има случаи, нема опасност од епидемија како онаа предизвикана од коронавирусот, сметаат експертите.

Слични содржини