Дали Ахмети барал премиер Албанец во првата година од мандатот на новата влада?

од Nikola Popovski

Не само за позицијата премиер Албанец, интересите на СДСМ и ДУИ во преговорите се кршат и за бројот на функционерските места кои ги бара сега Ахмети.

Дел од медиумите објавија дека дополнителен проблем е тоа што Ахмети бара повеќе и позначајни функции, бидејќи освоил повеќе пратеници во однос на претходните избори.

Сепак како што објави ТВ 21, повикувајќи се на неофицијални извори, главна тема на преговорите било тоа што Али Ахмети инсистирал во првата година премиерот да биде Албанец, а во следните 3 од четиригодишниот мандат премиерот да биде од СДСМ.

Од СДСМ велат дека се уште се во тек преговорите и дека засега се уште не е постигнат договор а дека наскоро ќе излезат во јавност да соопштат што е постигнато во разговорите. Но за тоа дали ќе го прифатат барањето на ДУИ за премиер Албанец велат дека мандатар на новата Влада ќе биде Заев.

Слични содржини