Дали само на Џеј Ло ѝ стои прекрасно познатиот дизјан на Версаче? (ФОТО)

од Elena Daskalova

Фустанот кој Џеј Ло го направи популарен во 2000 година и ден-денес е хит во светот на модата, а се чини дека никој не може да го заборави, бидејќи и натаму е најпребаруван на Гугл.

Во тоа време, на дизајнот се потпиша Донатела Версаче, а во 2019 година со редизајн, најави цела колекција што беше лансирана оваа година. Како што паметиме, балканската ѕвезда Јелена Карлеуша облече комбинезон со овој дизајн.

Но, Џенифер Лопез направи нешто уште повпечатливо. Таа избра панталони и кошула со истиот дезен, мала чанта и патики со нејзин потпис. Се чини дека таа е единствена во светот која умее најдобро да го износи овој модел.

Што се однесува на цената, кошулата чини 1012 евра, а панталоните 770 евра.

Слични содржини