Дани Алвеш би можел да излезе од затвор за 3 месеци

од Vladimir Zorba

Поранешниот бразилски репрезентативец Дани Алвеш е осуден во Барселона на четири години и шест месеци затвор поради силување. Фудбалерот заедно со својата адвокатка Инес Гвардиља, обвинителката – Елизабет Хименез и жртвата Естер Гарсија лично ја дознале одлуката на судот по судењето кое започна на 7 февруари.

Според весникот „Марка“,сепак Алвеш може да помине многу помалку време во затвор. Тој е таму од 20 јануари 2023 година и сега може да се квалификува за ослободување во мај оваа година. Одлуката донесена од Врховниот суд на Каталонија се уште не е конечна и може да биде обжалена до Врховниот суд, што веќе го најави адвокатот на Алвеш.

Ако жалбата биде уважена, постојат шанси за некои придобивки. Откако ќе отслужи една третина од казната, на Алвеш може да му биде одобрен делумен престој во затвор, што значи само да спие и да поминува осум часа дневно таму.

Друга шанса за намалување на казната е доброто однесување и развојот на културните и професионалните активности во затворот, како и исплата на обештетување на жртвата (веќе платил 150.000 евра).

Слични содржини