Данска дополнително се вооружува: Нови 5.9 милиони во буџетот за одбрана

од Симе Стоиков

Данската Влада денеска објави дека ќе ги зголеми трошоците за одбрана за 5,9 милиони долари (40,5 милијарди дански круни) во следните пет години.

„Ние не ја вооружуваме Данска затоа што сакаме војна, уништување или страдање, ние се вооружуваме сега за да избегнеме војна и свет во кој меѓународниот поредок е доведен во прашање“, рече данската премиерка Мете Фредериксен, пренесе Ројтерс.

Тие пари се надополнуваат на 22,7 милиони долари што Данска во 2023 година вети дека ќе ги распредели во следните 10 години.

Инаку за потсетување, ако една од земјите основачи на НАТО, Данска значително ги намали трошоците за одбрана на почетокот на 1990-тите по крајот на Студената војна.

Данска сака да го зголеми бројот на млади луѓе кои служат во војската со проширување на воената обврска за жени и продолжување на службата од четири на 11 месеци за двата пола, изјави денеска данската премиерка Мете Фредериксен.

Данска моментално има 9.000 професионални војници и 4.700 регрути, кои сака да ги зголеми на 5.000, пишува Асошиејтед прес.

Слични содржини