Дарт Вејдер тргна кон Парламентот во Киев

од Vladimir Zorba

Жителот на Киев, Дарт Вејдер, беше регистриран како кандидат за пратеник во украинскиот Парламент од Централната изборна комисија во земјата.

Човекот поднел барање за учестви во гласањето за Врховната рада и барањето му било одобрено.

„Украинскиот државјанин, роден во 1987 година, беше регистриран како независен кандидат за законодавниот дом и беше избран од партијата „Блокот на Дарт Вејдер“ во изборна единица во Одеса”, објавија локалните медиуми.

Тој е сопственик на компанијата „Темната страна на силата”.

На минатите парламентарни избори (2015), Блокот на Дарт Вејдер имаше 44 ​​кандидати со имиња од филмовите Војна на ѕвездите. Партијата тогаш имаше кандидат за Врховната Рада со име – Јода.

Слични содржини