Дедо од делчевско го има „лекот“ против корона (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Човек од Делчево тврди дека го нашол лекот за коронавирусот. Локалната телевизија М-Нет од Делчево вчера објави снимка која е најдобар доказ за ова.

Изумител на лекот е чичко Страшо од Делчево, кому, како изумите на Леонардо Да Винчи, лекот му се јавил на сон. Тој ископал дупка под двете оревови дрвја во месноста Брежје, во близина на реката Брегалница. Според верувањето, жителите на градот и на околните села деновиве во се поголем број доаѓаат за да се протнат под корените на два орева, убедени дека тоа ќе ги заштити од ефектите на Ковид-19.

Делчевецот вели дека и лекари доаѓале да го испробаат неговиот лек. Сепак, истакнува, ако дојдат вакцините ќе се вакцинира, затоа што освен во сонови, верува и во медицината.

Слични содржини