Дејвис куп: Пораз од Бугарија, Македонија останува во Третата зона

од Vladimir Zorba

Пловдив, 6 април 2018 (МИА) – Македонската тениска репрезентација на турнирот во Пловдив во рамките на Дејвис купот беше поразена од домаќинот Бугарија.

Прво Горазд Србљак загуби од Александар Лазов во натпревар во кој доби само два гејма (6:1; 6:1), а потоа слично помина и Димитар Грабул кој беше поразен од Димитар Кузманов со 2:0 во сетови (6:2;6:2).

Бугарија поведе со 2:0 и ќе оди на главниот турнир за влез во Втората европска зона што ќе се игра во Варна.

Следи натпреварот во двојки, кој ништо не може да промени, освен евентуално да донесе еден поен за нас за ублажување на поразот.

Македонија, по победите против Исланд и Албанија, пропушти шанса да направи исчекор и следната година повторно ќе играме во Третата зона.

Слични содржини