Декларација на ЕУ: Проширувањето е геостратешка инвестиција во мирот

од Vladimir Zorba

Проширувањето на Европската унија претставува геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот, се вели во завршната декларација на лидерите на ЕУ по самитот во Гранада.

„Проширувањето е двигател за подобрување на економските и социјалните услови на европските граѓани, за намалување на разликите меѓу земјите. Тоа мора да ги негува вредностите на кои се заснова Унијата“, се вели во декларацијата.

Се додава дека земјите кандидати, како и членките на Европската унија, мора да бидат подготвени за проширување.

Слични содржини